Дурловски во Торонто: Ние Македонците пак сме на нозе, правдата и вистината се на наша страна! (ВИДЕО)

Вдахновен патриотски говор на маестро Игор Дурловски во Торонто, каде што со своето присуство ја увеличи 49. „Гоцева вечер“ во чест на роденденот на македонскиот великан Делчев.

„Ние Македонците можеби сме мали по бројност, но сме големи по суштина и значење и епски по историја. Повторно сме на нозе, правдата и вистината се наша страна. Со разум, со мудрост, да се обединиме за Македонија“, порача оперскиот пејач од светски глас и еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ пред присутните на банкетот организиран во македонската православна црква „Свети Климент Охридски“.

Целото обраќање на Дурловски во видеото:

SHARE