„Дојче веле“: Јанева, сепак, не е повикана на распит

И покрај информациите во јавноста, специјалната обвинителка Катица Јанева сѐ уште не е формално повикана од Јавното обвинителство да даде изјава за случајот Рекет. Се чекаат исказите на други лица, дознава „Дојче веле“.

Имаше информации дека Катица Јанева веќже во среда ќе биде повикана на распит во ЈО, но оттаму нема потврда за тоа, што значи дека нејзинисказ ќе уследи откако претходно ќе дадат искази сите други лица кои Обвинителството ќе ги повика во интерес на истрагата.

Во една од снимките објавени во саботата, се слуша гласот на Јанева која им објаснува на Бојан Јовановски и Јордан Камчев дека „е многу ангажирана“ и затоа „не ја држи под контрола, инаку без мене таа не може ништо“, вели гласот на Јанева.

Во меѓувреме, Јанева излезе со ново објаснување во кое тврди дека „преговарала со лицето О.К. да стане соработник-сведок“ во нова предистрага која ја водело СЈО.

SHARE