ДВ: Лага го дрма „Рекет“!?

Изјавата на бизнисменот Силјан Мицкоски кој вчера е појави во Јавното обвинителство за да го надоплни претходно дадениот исказ во врска со случајот „Рекет“ во најмала рака е збунувачки.

„Бизнисменот Силјан Мицевски, за еден месец целосно ги смени исказите што претходно ги даде во врска со случајот „Реклет“, пишува Дојче веле.

По обелоденувањето дека неговата градежна  компанија „Пелистер” е една од оние кои склучиле договор со невладината организација Меѓународен Сојуз на Бојан Јовановски за изградба на Европски комплекс за возрасни лица, тој потврди дека пари во висина од 720.000 денари префрлил на сметка на Лилјана Тодоровска, затоа што знаел дека таа е автор на идејата за комплексот.

Тоа, за медиуми го потврди и Тодоровска.

„Сега Мицевски има нова приказна. Вчера, пред да даде исказ во Обвинителството за организиран криминал, тој пред новинарите тврдеше дека парите не ги уплатил на сметката на пензионерката Лилјана Тодоровска, туку на Меѓународниот Сојуз“ за што имало и договор.

Оваа изјава на Мицевски е во целосна спротивност и со тврдењата на потпретседателката на Меѓународниот Сојуз, Јасна Мандиќ Ерцеговиќ, која на 6-ти август се огласи со соопштение против „медиумските шпекулации“ за намената на парите што ги прибирале во организацијата. И таа потврди дека парите стигнале на сметка на Лилјана Тодоровска, пишува Дојче веле.

SHARE