На семејните прослави по повод Рамазан на 23 мај во германскиот град Гетинген очигледно се кршени прописите за хигиена и физичка дистанца, па дојде до нагло ширење на коронавирусот, јавува Дојче веле.

Последица на тоа се 86 заразени во градот и уште 18 во околината, но се претпоставува дека бројките ќе растат.

Поради тоа е одреден карантин за неколку стотини лица кои биле во контакт со заболените.

SHARE