„Дојче веле“: Секој може да купи државјанство на ЕУ!

Државјанство на ЕУ или дозволи за неограничен престој во Унијатa, спаѓаат во групата на оние кои најтешко се добиваат на светот.

Големата побарувачка доведе до создавање на нелегален пазар на кој корумпираните службеници од многу земји во ЕУ заработуваат пари со фалсификување на документи… (случај со бугарските државјанства).  И, како да не е доволно тоа, многу земји од ЕУ сакаат официјално да дојдат до вонредни заработувачки и затоа под таканаречената  „Златна виза“  тргуваат со државјанства и со дозволи за престој – грабајќи милијарди, пишува.„ Дојче веле“.

„Златна виза“ за ЕУ, као посебен систем за издавање државјанство,  може да добие оној кој – доволноќе  плати или инвестира. Половина земји ЕУ, меѓу нив Бугарија, Грција, Велика Британија, Латвија, Литванија, Малта, Австрија, Португалија, Шпанија, Унгарија и Кипар, нудат такви програми.

На тој начин, во последните неколку години купени е најмалку 6.000 државјанства и 100.000 дозволи за престој – тврдат организациите „Транспаренси интернешнал“ и „Глобал уитнес“ во заедничкиот извештај објавен неодамна.

Вкупниот приход од така продадени документи се проценува на најмалку 25 милијарди евра.

Програмата „Златна виза“ го интензивираше начинот на перење пари и обезбедува криминални бизниси, оценуваат овие организации, кои препорачуваат ЕУ да ја укине оваа практика.