Две девојчиња заминаа во смрт заедно со Коби Брајант

Осум други лица, меѓу кои две малолетни девојчиња загинаа во вчерашната несреќа во која загина кошаркарската легенда, КОби Брајант.

Една од жртвите е идинтификувана како 13-годишната Џијана, една од четирите ќерки на Коби Брајант.

Покрај неа загина Алиса, соиграч на Џијана во нивниот кошаркарски тим во Академиојата „Мамба“. Таа била во придружувана од нејзините родители, Џон и Кери Алтобели. Џон имал 56 години и работел како тренер за бејзбол на колеџ во округот Оринџ. Тој и сопругата ја придружувале нивната ќерка на натпревар кој требало да се одигра напладне.

Алтобели редовно патувал на натпреварите на неговата ќерка.

Подоцна се дознало дека меѓу загинатите е Кристина Маузер, кошаркарска тренерка во приватно училиште во округот Оринџ.

Децата и јас сме уништени. Ја загубивме нашата прекрасна сопруга и мајка. Молиме да ја почитувате нашата приватност. Благодарни сме за сите пораки за поддршка, многу ни значат во овие тешки моменти – напиша нејзиниот сопруг Мет на „Фејсбук“.
Според „Си-би-ес“ Лос Анџелес, во хеликоптерската несреќа загинале и Сара Честер и нејзината ќерка Пејтон. Пилотот е идентификуван како Ара Зобајан, пренесува хрватски „Индекс“.

Причината за несреќата на хеликоптерот сè уште се истражува. Но, она што е познато е дека на летот имало многу проблеми. Времето било лошо, скоро ништо не се гледало поради магла.

Пилотот често ја менувал висината и бил предупреден дека лета премногу ниско. Тој планирал да слета на аеродромот во Бурбенк, но кружел околу 15 минути, чекајќи дозвола за слетување заради лошо време и други летала кои требало да слетаат на аеродромот.

SHARE