Две пратенички, две телевизии, две вистини и една пропаганда

Откако подолго време ги немаше во јавноста две од пратеничките на членови на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието влегоа во медиумска кампања која според кажаното има цел политички да и наштети на опозицијата.

Екс пратеничките на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и Нола Исмајлоска Старова во 24 часа со исти тези се појавија на две провладини телевизии од каде ја напаѓаа партија што ги постави за народни избраничките.

Двете телевизии се доминантно на албански јазик а според уредувачката политика се блиски на владеачките партии СДСМ и ДУИ.

Можноста двете пратенички кои прават антикампања за ВМРО-ДПМНЕ заедно да бидат повикани за 24 часа на две провладини телевизии заедно е многу мала.

Неофицијално пред десетина дена на Рангелова, Исмајлоска и на други пратеници, некогаш дел од опозицијата меѓу нив и тие кои гласаа за уставните измени, им било пренесено дека не постои шанса да бидат примени назад во матичната партија ниту да бидат на идните пратенички листи.

По ваквиот развој на настаните прв нога потегна Зекир Рамчиливиќ кој формално стана независен пратеник но неформално е близок на СДСМ која го предложи за потпретседател на Собранието а Рангелова и Исмајлоска започнаа интензивно да се појавуваат на ТВ дебати и да го напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката Рангелова не беше дел од групата од 8 пратеници кои гласаа за уставни промени но лобираше за гласање За на референдумот.