Две пресуди за „Титаник 3“

За изборни нерегуларности во Чаир на локалните избори во 2013 година, обвинетите Ејуп Алими и Исмет Гури во предметот „Титаник 3“, денес добија по три и пол години затвор.

На изрекувањето на пресудата беше само Гури.

Во текот на судењето и врз со помош на сведоци, беше докажано дека Алими и Гури преправале записници за гласање за избор на градоначалник.

Тие додавале повеќе гласови за кандидатот на ДУИ, а на другите кандидати им крателе гласови, пренесоа медиуми.

SHARE