Најголем дел од граѓаните, дури 66 отсто, сметаат дека доколку аплицираат на конкурс во јавната администрација немаат шанса за фер вработување.

Членството во политичка партија претставува неформален услов за вработување (68,5 отсто), покажува истражувањето на јавно мислење на тема „Јавна администрација и непотизам“, спроведено за емисијата „Детектор“ на ТВ Сител.

Граѓаните, дури 74,9 отсто не оправдуваат партиски вработувања во јавната администрација, 36,3 отсто сметаат дека не е во ред да се  вработуваат блиски роднини на функционери во јавна администрација, покажува истражувањето.

SHARE