МНР добило потврда дека 68 годишен маж од село Бучин, Крушево со иницијали В.Ш и 68 годишна жена од Кочани со иницијали К.К. се двете досега идентификувани лица кои настрадаа во автобуската несреќа во близина на Лесковац што се служи ноќеска.

Сеуште нема потврда за идентитетот на третата жртва кај која не биле пронајдени документи.

Други 4 лица се во жуивотна опасност.

Сопственикот на компанијата Еуробус Струга, Џитон Иштрефи, на кој му припаѓа автобусот вели дека дека возилото техники било исправно.

Немам точни информации што точно се случило, бидејќи не знам ништо. Колку што знаете вие толку знам и јас. Се слушнав со возачот кој ми кажа дека коловозот бил лизгав, некој автомобил одненадеж се појавил од напред и тој изгубил контрола, само толку ми кажа. Во конттакт сме постојано со луѓето во Србија. Испративме друг автобус да ги преземе патниците, друго не знам“ изјавил Џитон Иштрефи во кусиот телефонски разговор за „Охридњуз“.

SHARE