Двесте нови случаи на Ковид-19, четворица починати

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани 200 нови случаи на Ковид-19 од 1.828 направени тестови, а четворица им подлегнаа на компликациите предизвикани од коронавирусот.

Починаа лица од Куманово на возраст од 51 година, од Гостивар (58), од Македонски Брод (66) и од Скопје (70). Двајца од нив починале во болница.

Од новозаболените 65 се од Скопје, 21 од Штип, по 14 од Куманово и од Гостивар, по 12 од Тетово и од Велес итн.

Институтот за јавно здравје забележа и 15 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 11.754, оздравиле 7.622, починати се 523, а бројот на активни случаи е 3.609.

SHARE