Двојазична табла и во Неготино, каде што има 0,1 отсто Албанци!

Дека двојазичноста на целата територија на Македонија не е само во главата на ВМРО-вците, како што со подбив тврдеа сегашните властодршци кога беа во опозиција, потврдува табла пред државна институција во Неготино.

Станува збор за деловница на Фонд на пензиското и инвалидското осигурување, пред кој таблата е на македонски и на албански јазик.

„Што беше со она дека двојазичност само во општините со мнозинство малцинство? Знаеме дека и еден е вреден, а неготинчани?“, прашува Твитер-акаунтот „Елче Зелче“.

Таа потсетува дека на последниот попис во 2002 година во Неготино како Македонци се изјасниле 97,82 проценти од граѓаните, а како Албанци 0,1 отсто од 19.212 жители.

SHARE