Двојазичност и во Белград: КК Будуќност напишано и на албански

Во што се претвори ривалството меѓу финалистите во кошаркарската АБА-лига, Црвена звезда и Будуќност, покажува и детал од соблекувалната на гостите од Подгорица во салата „Пионир“ во Белград.

Според фотографијата објавена на Твитер од кошаркарски новинар, името на Будуќност на вратата од соблекувалната, покрај на српски и на англиски јазик, е напишано и на албански, и тоа преведено?!

Црвена звезда во вечерашната мајсторка славеше со 97:54 и ја освои т.н. Јадранска лига со 3:2 во победи во финалната серија.

SHARE

Оставете коментар