Џафери: Ако избега Вељаноски, одговорен е Судот

Одговорноста за евентуално бегство на Трајко Вељаноски не може да се бара во Парламентот, туку ќе биде кај судот, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на брифинг со новинарите.

„Одговорноста ќе биде кај Судот кој треба да го обезбеди присуството на сите осомничени и обвинети“, кажа Џафери.

Тткако пратениците не му го одзедоа мандатот на Вељаноски, Обвинителката Вилма Русковска изјави „нека му мисли Судот“ односно дека одговорноста за евентуалното бегство ќе биде кај пратениците.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.