Џафери до пратениците: Кај сте сега?

Претседателот на Собранието Талат Џафери даде еден час пауза откако заврши расправата за законот за јавно обвинителство.

Причина за паузата е тоа што во салата имало 86 пратеници, што според некои шпекулации тоа не гарантира дека ќе има двотретинско мнозинство потребно да се изгласа ЗЈО.

Во тек е нова координација, јавуваат медиуми.

„Почитувани колеги фејсбук мејкери ме ставивте како топовско месо вчера бидејќи ја почнав седницата во 22 часот. Сега заврши дискусијата во 21 часот. Кај сте сега?

Објавувам пауза за мнозинството да ми каже кога да продолжиме. По паузата продолжуваме со нова седница“, рече Џафери.

Спикерот Џафери ги потсети пратениците дека во 22 часот треба да почне нова седница на која на дневен ред се предлог за разрешување на министерката за труд Рашела Мизрахи, Измените на Изборниот законик, на Законот за лични карти…

SHARE