Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вчера изјави дека и на 12 февруари до 23:00 часот да дојде усогласен предлог закон за ЈО има процедурална можност да биде ставен на гласање

„И до 23:00 часот на 12-ти да биде дојден предлог усогласен има процедурална можност тој предлог да биде претворен во закон. Неспорно, но на крај на мандат пред распуштање на Собрание само да се отвори седница, а неусогласен предлог, и да се претвори во театар е тоа немам намера.

Нема потреба од некаква тензична ситуација пред одење на избори“, вели Џафери.

Власта и опозицијата се уште ги немаат усогласено ставовите за законот за јавното обвинителство, на пет дена пред очекуваното распуштање на Собранието на 12 февруари поради одржување на предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 12 април.

SHARE