Џафери контра Заев: Само Косово може да реши за својата армија

Спикерот на Парламентот, Талат Џафери, со спротивна изјава од таа на премиерот Зоран Заев за формирањето на војска на Косово.

Наспроти Заев, кој пред неколку дена порача дека сега не е вистинското време за трансформација на Косовски заштитен корпус во армија, Џафери смета дека создавањето војска е одлука исклучиво на Косово, извести албанската телевизија Топ ченел.

„Одлуката за создавање армија е право на државата Косово и никој не треба да се меша во неговите внатрешни работи“, изјави Џафери.

Неговата партија ДУИ, коалициски партнер на владеачката СДСМ на Заев, испрати писмо со честитки до Косово за формирањето војска, нагласувајќи дека тоа ќе придонесе за стабилизирање на регионот.

SHARE