Џафери: Пратениците можат да побараат импичмент за Иванов

„Иванов не е тој што ќе покрене постапка против законодаваната власт, туку таа е која ќе побара одговорност од него“ изјави денеска Талат Џафери коментирајќи ја изјавата на претседателот на државата дека  може да бидее побарана кривична одговорност за објавувањето на Законот за јазиците во „Службен весник“.

Џафери вели дека претседателот на државата „ги помешал лонците” и дека се било согласно собранискиот Деловник, односно дека од Иванов ќе биде побарана одговорност за непотпишување на законите.

, Не кажав дека ќе побарам импичмент, но надлежноста на законодавната власт е да побара одговорност од претседателот. Тоа е надлежност на пратениците и тие можат да поведат импичмент за претседателот, рече Џафери.