Џафери со честитка до граѓаните, без оценка на референдумот

Во исклучително кусото обраќање, претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитки до граѓаните за гласањето на референдумот во кое, како што рече, немаше пријавено ниту еден сериознен инцидент.

„Со ова граѓаните докажаа дека припаѓаат на ниво на политичка култура на демокартски развиените земји, но тоа што е најважно дека припаѓаат на големото европско семејство“, рече Џафери.

И тој не даде оценка за референдумот, иако ја предводи институцијата која го организираше.