Џафери: За членот 11 од Уставот – по 11 декември


Пленарна седница по барањето од СДСМ за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување ќе може да се закаже дури по завршување на дебатата за Буџетот на Комисијата за финансирање и буџет –  по 11 декември, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Тој денеска до Владата и до претседателката на Законодавно-правната комисија (ЗКП) ќе достави писма со барањето од СДСМ, со што, според него ќе започне собраниската процедура за барањето за автентично толкување.

Џафери вели дека иако постојат одредени дилеми во однос на барањето и членот 11 од Законот за помилување, тој е должен барањето да го проследи во натамошна процедура. Според него, Уставниот суд, меѓу другото, треба да каже што значи неговата одлука од март 2016 година во која се наведува дека членот односно измените и дополнувањата на Законот се укинуваат, дознава „Телма“

SHARE