Џамбаски: Бугарија се обрука со скандалот со државјанствата

Бугарскиот европратеник Андреј Џамбаски вели дека не е редно да се зборува за успеси во годината која истекува „бидејќи голем дел од бугарските граѓани се уште не го гледаат својот живот како задоволителен“, но затоа го издвои скандалот со бугарските државјанства и пасоши како неуспех во 2018 година.

„Несомнено неуспех беше скандалот во Државната агенција за Бугарите во странство(ДАБЧ), бидејќи нашата земја допушти да биде предмет на исмевање“ изјави Џамбаски во денешното гостување на Bulgaria.ON air.

ДАБЧ се најде среде голем скандал откако беше откриено дека за пари биле издавани сертификати за бугарско потекло, а нејзиниот шеф Петар Харалампиев беше уапсен кон крајот на октомври.

Подоцна пак во банкарски сеф на секретарот на ДАБЧ  Красимир Томов била откриена голема сума пари во различни валути, чија вкупна вредност надминувала  427 000 лева. Томов беше притворен заедно со Харалампиев и уште две лица.

Ангел Џамбазки ја брани ДАБЧ и е категоричен дека скандалот бил удар нанесен од Движењето за права и слободи (ДПС) кои наводно сакаат да ја „еродираат доворбата на јавноста“ во државните институции.

SHARE

1 Коментар

  1. Зарем нацистов Џамбаски стана главниот спонзор на ехпрес.мк па мора да објавувате-штанцате секоја трета вест за неговите забегани нац-теории?

Comments are closed.