Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски реагира на изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека Македонија е подготвена написмено да изјави дека нема територијални претензии кон Бугарија.

„Зоран заев продолжува да се прави …. Со други зборови недоветен. Никој не ни помислуваше дека може да имате територијални претензии кон Бугарија, почитуван премиеру. Тоа би било премногу дрско, дури и за бесконечните можности на југоносталгичната „фела“.

Не, не бараме од вас да изјавите дека немате територијални претензии кон Бугарија. Не правете изговори и „движења“.

Ве молиме да не му издавате нови документи и ново државјанство на Гоце Делчев.

И да престанете да се преправате дека не знаете дека Гоце Делчев се дефинирал недвосмислено, неспорно и сам по себе, за Бугарин. Учел во бугарско училиште, бил бугарски учител, бугарски офицер, бугарски револуционер. И ова е безмилосната историска вистина. Никој не ви пречи да прочитате.

Но, не и да ги навредувате неговата работа и ум со недостојни српско-комунистички игрички“., му порача Џамбаски на премиерот Заев.

SHARE