Џамбаски: ЕК да не дозволи „Фолксваген“ да гради фабрика во Турција

Европската комисија не треба да дозволи германскиот „Фолксваген“ да инвестира во Турција, смета бугарскиот европратеник и заменик претседател на ВМРО, Ангел Џамбаски.

Како што пренесуваат бугарски медиуми, „ автомобилскиот гигант се „двоуми“ дали да ја гради својата нова фабрика во Бугарија или во Турција.

Џамбаски смета дека не е во ред европско претпријатие во државна сопственост да вложува во исламизирана земја, во која, како што вели, отворено ги кршат човековите права.

„Можноста Фолксваген да инвестира во Турција е уште едно лицемерие и манифестација на двојни стандарди од страна на ЕК?“, вели европратеникот.

Тој смета дека ова е неморално и е уште една манифестација на двојни стандарди против земјите како што е Бугарија.

SHARE