„Новата европска комисија која ја презема функцијата од 1 ноември не е подготвена да прави договори по прашањата поврзани со владеењето на правото односно на законот. Тоа беше јасно кажано и од Фон дер Лајен“ пишува во колумна посветена на ЕУ-перспективите на Македонија, европратеникот Ангел Џамбаски.

„Во првото свое обраќање пред Европскиот парламент, претседателката на идната Европска комисија Урсула Фон Дер Лајен, го повтори значењето на владеењето на правото во државите кои сакаат да станат дел од ЕУ. Таа исто така ја потврди подготвеноста на новата Европска комисија да работи за европската перспектива на Западен Балкан.

И точно, кога изгледаше, дека Европа е подготвена повторно да работи за регионот, во Македонија се појави еден од најголемите скандали во новата историја на државата.

Катица Јанева, првиот човек на Специјалното јавно обвинителство за организирам криминал и корупција, неочекувано си даде оставка на 15 јули. Малку подоцна, Бојан Јовановски, претприемач близок на владејачката СДСМ и соучесник беше уапсен под сомнение за изнуда врз Орце Камчев – близок на поранешниот премиер Никола Груевски за сума од 1,5 милиони евра.

Подоцна се појавија снимки или „бомби“ кои потврдија учество на Јанева во огромна шема да ги уценува бизнисмените. Во скандалот беа вклучени редица централни фигури во македонската влада.

Владата на Зоран Заев дојде со „бомби“ и веројатно ќе си тргне со „бомби“. Тоа и неговата лична трагедија. Сепак жално ќе биде овој скандал да се претвори во трагедија за македонската држава. Во последните неколку години беше постигнат напредок на Македонија и нормализирањето на нејзиниот имиџ на меѓународната сцена. Сега таа иднина изгледа понесигурно од било кога“.

Колумната на Џамбаски за порталот „Поглед“ на следниот ЛИНК

SHARE