Богатството извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос, скокна на нов историски рекорд од 171,6 милијарди долари, објави Блумберг.

Според Блумберг, претходниот рекорд беше поставен на 4 септември 2018 година кога Безос тежење 167,7 милијарди долари, а новиот е поставе откако во средата вредноста на акциите на Aмазон пораснале за 4,4% на рекордни 2.878,7 долари по акција.

Во првата половина од годинава, богатството на Безос се зголеми за 56,7 милијарди долари, а ситуацијата, наведува агенцијата, „го потенцира растечкиот јаз во благосостојбата на луѓето во САД за време на најтешката економска криза од Големата депресија“.

SHARE