Претседателот на Собранието вели дека измените во Законот за јазици што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ нема да поминат во парламентот.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат процедурална можност да поднесат предлог за измени и дополнување на Законот за употреба на јазиците, но мора да имаат предвид дека за тоа е потребно двојно мнозинство односно мнозинство гласови од  немнозинските  пратеници, најмногу Албанци,  кај кои нема расположение за тоа“ – изјави денеска Џафери.

Тој потсети дека одлуката зависи од волјата на тие што се немнозински пратеници.

„Законот за употреба на јазиците е донесен со такво мнозинство и секоја измена соодветно се донесува со такво мнозинство. Секој треба претходно да обезбеди такво мнозинство за да може да смета на поминување на законот“, рече Џафери.

Според него, укажувањата од Венецијанската комисија не се обврзувачки, а донесените закони во Собранието треба да се спроведуваат се додека преку соодветна процедура на претрпат евентуална измена.

SHARE