Џенифер Рачковска: Ни велеа да се биде Македонец е да се биде пониска раса

Директорката за социјални медиуми на Македонското движење за човекови права од Канада (ММДЧП) вели дека битката за враќање на името никогаш нема да запре.

“Моето семејство е од Буф и Клабучишта во Егејска Македонија. Грција ги смени имињата на овие села во „Акритас“ и „Полиплатанос“ како дел од нивниот обид да избришат се што е македонско. Моето семејство се уште селата ги нарекува Буф и Клабучишта”, пишува Џенифер Рачковска која вели дека иако на нејзиното семејство со закон му било забрането да зборува македонски тие сепак си го зборувале јазикот. Иако им било забрането да пеат македонски
песни тие сепак ги пееле и ги пеат.

” Во училиште, на моето семејство му се кажуваше дека да се биде Македонец значи да си пониска раса. Тоа само ја зајакна нивната решеност да се борат за Македонија и за Македонците.

Политичарите кои го поддржуваат, или кои одбиваат да се го поддржат
укинувањето на „Преспанскиот Договор“ се срам. Тие го претставуваат
тоа против кое што моето семејство се бореше. Тие се срам за сите делови на распарчената Македонија. НАШЕТО ИМЕ Е МАКЕДОНИЈА. Нема да
престанеме да го браниме. ЌЕ си го вратиме нашето име”, порачува Џенифер Рачковска, директор за социјални медиуми на ММДЧП.

SHARE