Џевад Адеми тврди дека не го ранил синот на свадба

Семејството на пратеникот на ДУИ Џеват Адеми ја потврди веста на порталот „Лајм“ дека неговиот син е ранет од огнено оружје, но демантира дека Адеми пукал при повредувањето.

Претходно, „Лајм“ објави дека Адеми без да има намера, го ранил синот со огнено оружје. Сепак, од семејството демантираат дека е така, и додаваат дека синот на пратеникот е повреден од заталкан куршум.

-Станува збор за заталкан куршум од свадбена веселба, велат од семејството на Адеми и додаваат дека двете повредени лица се во добра и стабилна состојба.

Едното од двете повредени лица ноќеска е сместено во тетовската болница, додека другото  е пренесено на Скопските клиники.

SHARE