Џеват Адеми пукаше, тврди таткото на ранетото момче

Јусуф Биљал, татко на момчето кое беше рането со пиштол на свадба во тетовска Мала Речица, пред околу еден месец кога беше повреден и синот на пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, тврди дека токму Адеми е виновен за пукањето.

„Остро ја демантирам невистинатата, неискрена и недостоинствена изјава на пратеникот Џеват Адеми, бидејќи самиот бев присутен на местото на настанот и ја видов целата ситуација со мои очи. Џеват Адеми на таа забава, пукаше со пиштол. Првиот пат сам и тоа не еднаш, туку неколку пати.

После тоа пукање, дојде негов роднина кој седна до него и по неколку минути и тој пукаше со пиштол неколку пати. После неколку минути, пукаа и двајцата со своите пиштоли.

Во еден момент, тие разговараа меѓу себе со пиштолите во раце и пратеникот удри со пиштолот на маса. Видов дека го погоди својот син и како лекар станав од масата за да му помогнам на неговиот син. Кога стигнав, бидејќи бев на три чекори далечина, кога стигнав до синот на Џеват Адеми, мојот син ми рече, тато ме отепаа“ вели Биљали за Алсат М.

SHARE