Еден амбасадор на СДСМ е аут – одбил да се откаже од пасошот на друга држава

Еден од кандидатите за македонски амбасадори во групата што пред изборите треба да замине во дипломатска мисија се откажал од позицијата што му ја понудиле од СДСМ и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Причината е што не сакал да се откаже од пасошот и државјанството на друга земја членка на ЕУ на која исто така е државјанин.

Амбасадорот е еден од четворицата кандидати кои СДСМ сака да ги испрати за амбасадори а за кои има информации дека покрај македонско имаат и државјанство на други земји што е недозволиво според законот за надворешни работи.

Иако министерот Димитров се обиде до носење на нов закон за МНР да ја поправи грешката на СДСМ која без никакви проверки ја направија во обидот пред изборите и извесниот пораз да ја пополнат дипломатијата со свои кадри.

Амбасадорот покрај скандалот со пасош на друга држава за што и самиот знаел дека е грешка а се согласил да почне процедура за негово именување, има проблем со конфликт на интереси и поради учество во тело кое донесе скандалозна одлука поврзана со финансиски бенефиции за член на висок владин функционер кој е меѓу тие што сега сакаа да го испратат за амбасадор.

SHARE