Бура од емоции пред и по завршувањето на натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ го обележа возвратниот дуел меѓу ракометарите на бранителот на европската круна Вардар и на трикратниот освојувач на Лигата на шампионите, Кил.

Огромно знаме со клупскиот грб и со навивачкото мото „Еден живот, една љубов“ извадија навивачите речиси преку цела трибина пред почетокот на мечот.

Атмосферата, пак, ја вжешти Стефан од „Некст тајм“, пеејќи ја акапела „Ја излези Ѓурѓо“ придружуван од „комитите“ како во еден глас.

По средбата, пак, голем број вардарови фанови не ги напуштаа трибините, барајќи и добивајќи бис од нивните миленици, за кои ова беше последен европски настап на домашен терен сезонава.

Последните 45 секунди од играта и спротивните емоции меѓу двете екипи на теренот: