Еди Рама не „сонува“ за Голема Албанија туку…

Албанскиот премиер, Еди Рама, синоќа изјави дека сонува за нешто поголемо, а тоа не е голема Албанија, туку голема Европска Унија со Србите, Македонците и Албанците во неа.

Тој во Брисел имаше средба со Жан Клод Јункер.

На прашање на новинската агенција „Танјуг“ дали обединувањето на Албанија и Косово е некоја конкретна стратегија или вид притисок врз дијалогот помеѓу Белград и Приштина, но и самата ЕУ, Рама изјави дека тој говори за нешто големо и додаде дека тоа не е голема Албанија, туку голема ЕУ со Србите, Македонците и Албанците во неа.

SHARE