Еди Рама откажал средба со Пендаровски!?

Претседателката на парламентарната опозиција во Албанскиот парламент, Рудина Хајдари, откри дека премиерот Еди Рама ја откажал средбата со македонскиот претседател Стево Пендаровски 30 минути пред да се оддржи, пренесува „Република“.

Пратеничката оценила дека ова е грд чин на Албанија со оглед на фактот дека Македонија е сојузник на Албанија.

Рудина Хајдари: „Срамно е што премиерот Рама ја откажа средбата со претседателот на Македонија, тој ја откажа средбата 30 минути пред да се одржи. Тоа е грда постапка на нашата држава. Да се откаже таквата посета на толку високо ниво, особено ако се земе предвид фактот дека Македонија е наш сојузник и оди напред заедно со нас на патот кон ЕУ. Значи, имаме неколку заеднички предизвици. Ова откажување на средбата беше грда претстава “ рече Хајдари, пренесува Ora News.

Извор: Република

SHARE