„На големиот христијански празник Прочка како празник за прочистување и очистување на гревовите, единствена добра работа на вечерашната т.н. лидерска средба меѓу Мицковски и Заев е доколку и простат на Ивона за затаениот данок за гаќите во услови кога 5,5, милијарди евра украдени пари остануваат опростени и заборавени”, се вели во денешното соопштение на „Единствена Македонија“.

Од партијата велат дека народот не гледа никакво фајде доколку и сите обвинети од поранешната власт завршат во затвор, а притоа украдените 5,5, милијарди останат нечепнати, а марионетите Заев и Мицковски ќе глумат лидерски средби кои биле во корист на граѓаните.

Во соопштението се критикува вечерашната лидерска средба на Зоран Заев и Христијан Мискоски, пренесува Макфакс.

SHARE

3 Коментари

Оставете Коментар