Една фотографија, страв и паника рој (ФОТО на денот)

На фотографијата направена по средбата на владините коалициони партнери од СДСМ и ДУИ и човек што не е експерт за микрофацијални експресии ќе разбере дека нешто длабоко вознемирувачки се случува во владината коалиција.

Лицата на сите на фотографијата , од премиерот Заев, преку Али Ахмети, Теута Арифи се до Миле Зечевиќ покажуваат видлива вознемиреност која што не можат да ја скријат инаку одличните политички глумци.

Причините за оваа вознемиреност која се граничи со страв и паника според извори во двете партии се анкетите кои СДСМ и ДУИ ги кријат а кои покажуваат дека ниту коалиција со сите албански партии, ниту безочна кражба на гласови не е гаранција за победа на власта на претседателските избори.

SHARE