“Ех Заеве, Заеве” – И најверните почнаа со критики и напади

По долгогодишно обожување и најверните следбеници на СДСМ и премиерот Заев сфатија кого поддржувале.

Еден од нив е новинарот Миодраг Мишолиќ кој сега тврди дека во сите сегменти владата е разочарување.

“Економијата, со Кочо – тотално разочарување. Медиумската сцена, со Роберт (Поповски) и целиот куп новинари околу премиерот – тотално разочарување. Но правосудството, пред се’ со Катица, а потоа и со сите овие „застарувања“, одложувања и ослободувања – најголемо разочарување.
Ех, Заеве Заеве”, пишува разочараниот Мишолиќ.

На забелешката дека не подобро и во другите сектори Мишолиќ вели дека секаде е лошо:

” Се разбира дека е исто и во другите (здравство, образование, екологија…), но не може и не мора сите поединечно да се набројуваат. И за нив се подразбира” .

SHARE