Неверојатниот гол на Тимур Дибиров при 22:13 за ПИК Сегед во 38. минута од реваншот од четвртфиналето во ракометната Лига на шампионите го излуде коментаторот на ЕХФ, кој констатира дека на левото крило на Вардар, едноставно, не му е потребен агол за да погоди.

„Каков агол е овој?! Се чини дека Тимур Дибиров од Вардар е способен да погоди и од зад голот“, стои во пораката на Твитер покрај видеото од чудесниот момент на средбата во Сегедин.

Извлекувањето на полуфиналните двојки за завршниот турнир во Келн ќе се изврши утре напладне, а европскиот првак од 2017 година на својот трет фајналфор во низа за можни противници ги има Барселона, Веспрем и Кјељце.

SHARE