ЕК ќе почне да ни се обраќа со „Северна“

По неколку дена, Европската Комисија ќе почне почне да го користи новото име „Република Северна Македонија“ а во тек се подготовки, јави дописничката на МИА од Брисел.

Откако Грција и Македонија го ратификуваа договорот од Преспа, Европската Комисија чека да завршат сите предвидени процедури помеѓу Скопје и Атина за да влезе во сила употребата на новото име во европските институции.

Македонија треба сега да ги извести и Обединетите Нации и сите меѓународни и регионални организации дека Преспанскиот договор стапи во  сила и да побара од нив да го користат терминот „Северна Македонија“.

Според дипломатски извори, ЕК очекува известување од Скопје до среда оваа недела, паралелно со известувањето до ОН.