ЕК: Не 3,9 туку 4,9% пад на македонската економија


За разлика од пролетната прогноза која предвидуваше пад од 3,9 осто од БДП, сега падот на БДП за оваа година се проектира на 4,9 осто предвиде Европската комисија.

Закрепнувањето на економијата ќе биде бавно и неизвесно, ќе се зголеми дефицитот и јавниот долг, а најпроблематичен ќе биде извозот.

Според Европската комисија, растот на БДП за Северна Македонија во 2021 година ќе биде 3,8 отсто, а во 2022 година 3,5 отсто.

„Постојат претпазливи сигнали дека домашната економска активност се зголемува, кредитирањето на приватниот сектор и натаму е оптимистично, а закрепнувањето во голема мера ќе се потпре на зајакнувањето на домашната побарувачка и веројатно ќе трае до 2022 година“, вели Фрек Јанмат, раководител на Секторот за економски прашања на ЕУ. 

SHARE