Екс министер на СДСМ до Пендаровски и Димитров: Нека не ве лаже Макрон

Ексминистерот за финансии а сега висок државен функционер во финансискиот сектор Никола Поповски смета дека претседателот Пендаровски и министерот за надворешни работи Димитров дозволуваат да бидат излажани од странските партнери.

,,Стево, Емануел Ве лаже кога Ви кажува дека не мисли на нас дека не ни е местото во ЕУ. Тој токму тоа го мисли и го кажа неколку пати во влијателни медиуми што уште може да се прочита и го покажа недвосмислено кога требаше.

Никола, (Димитров н.з.) Хајко Мас не е искрен кога ти кажува ,,дека може да се потпрете на Германија“. Ако помните, вие се потпревте на Германија кога А. Меркел сред Скопје ви вети пристапни преговори доколку го прифатите и спроведете Преспанскиот договор. Но не испорача, а доколку не може да испорача не требаше ниту да ветува. Барем не Германија и не Меркел.

Полека малку …многу наивно и великодушно разговарате и преговарате со докажано неискрени и препредени ликови и земји“ им порачува на двајцата највисоки дипломати Никола Поповски.

Ексминистерот за финансии сега е професор на ФОН Универзитет и В. Д. Главен извршен директор на Развојна банка на Македонија назначен од Владата.

SHARE