Експреговарач и амбасадор во САД: Има време за порамнување сметки, сега да ги поддржиме хероите

Екс амбасадорот во САД, професор, преговарач за името и поранешен вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски со анализа на ситуацијата во земјата во врска со коронавирусот.

Наумовски вели дека за направените грешки во справување со кризата ќе се разговара дополнително а сега е важно да се поддржат сите што се на првата линија на фронтот против Ковид19.

Целата анализа на Наумовски:

📌 Од 177 случаи (до вчера), 32 се лица коишто се вратиле од странство, а останатите 145 се заразиле од тие 32. Доколку сите што се враќаа од ризичните држави беа ставани во државен карантин 14 дена – немаше да заразат никого. Да, толку е едноставно 🤷‍♂️. Сега се прави истото, но веќе е доцна 😖.

📌 Вирусот пристигна кај нас на 27.02., со задоцнување од еден месец од првите случаи во Европа (27.01.) Имавме доволно време за подготовка – капацитети за карантин, набавка на заштитна опрема за лекарите и мед. сестри, брзи економски мерки. Гледаме дека се доцни со сите мерки 🤨.

📌 Високиот процент на заразени медицински лица (17 од 177) покажува дека тие не се доволно заштитени 😡. Сите познаваме по некого од таа област, и сведоци сме дека се снаоѓаат кој како знае (дури и со апели на фејсбук). Ужас 😱.

📌 Колапсот на државниот буџет за само 15 дена покажува дека тој бил максимално исцеден во изминатите месеци 💰 💵 📉 🤑 (илјадници предизборни вработувања, стотици непотребни тендери, и др. непродуктивни трошоци). Се трошело без мерка. Сега дојде време сите солидарно да ја плаќаме сметката 🧾.

📌 Но, има време за порамнување на сите сметки. Сега е најважно да ги поддржиме лекарите👩‍⚕️, фармацевтите 💊, полицајците 👮‍♀️, војниците 👊, земјоделците 👨‍🌾, работниците 👨‍🔧, продавачките 🛒, и сите оние што не дозволуваат целосно да запреме.

#МакедонијаЌеПобеди 🇲🇰

SHARE