Бивша советничка на Заев до францускиот претседател: Е*и се Макрон

Поранешна советничка на премиерот Зоран Заев и учесник во Шарената револуција, Ивана Јордановска, денеска објавува вулгарни пораки до претседателот на Франција.

Во својот пост на Твитер Јордановска, која е блиска на актуелната владина екипа, на Макрон му упатува директни навреди и закани дека еден ден и лично ќе му ги пренесе.

“Како некој кој има диплома од истиот универзитет како Макрон и е европски федералист, е*и се и ти и твоите политики претседателе Макрон (извинете за мојот француски)”, пишува Јордановска која утринава напишала повеќе навредливи постои за Франција и Макрон.

“Да сумираме. Е*и се претседателе Макрон Знам дека ќе добијам шанса да ви го кажам ова в лице еден ден”, пишува Јордановска.

Ниту МНР ниту Владата досега не се оградија од навредите на својата приврзаничка.

Двете пораки на Јордановска на англиски јазик:

As someone that holds a degree from the same Alma mater as #Macron and is a European Federalist (even if not a citizen of the EU), fuck you and you politics, President Macron. (Pardon my French, pun intended.)

So, to sum it up. Fuck you, President #Macron. I know I’ll get the chance to say it to your face one day.

SHARE