Ексамбасадорот во Македонија, Рикер, нов помошник државен секретар на САД?

Филип Рикер, амбасадор на САД во Македонија од 2008 до 2011 година, од 18 март ќе биде нов помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, објави американскиот новинар Роби Грејмер, повикувајќи се на „официјални лица“.

„Мала вест: По повлекувањето на првиот човек на Одделот за Европа и Евроазија во Стејт департмент, Вес Мичел, дипломатот од кариера, амбасадор Филип Рикер, ќе го замени како помошник секретар почнувајќи од 18 март, ми кажаа официјални лица“, напиша на својот профил на Твитер репортерот за дипломатија и национална безбедност во магазинот „Форин полиси“, кој го покрива Стејт департмент.

Раководителот за НАТО во тинк-тенкот Атлантски совет од Вашингтон
пред да премине во магазинот во 2016 година во својот следен твит дообјасни: „Денес краткотрајната помошничка секретар Елизабет Милард се пензионира по 27 години во надворешниот сервис. Вес Мичел даде отказ минатиот месец и негов последен ден на функцијата беше 15 февруари“.

SHARE