Home Македонија Експерти на ОБСЕ не се сигурни дека референдумското прашање е О.К.

Експерти на ОБСЕ не се сигурни дека референдумското прашање е О.К.

Во првиот извештај за референдумот закажан за 30 септември, експерти на ОБСЕ не целосно уверени дека референдумското прашање е коректно формулирано, а главната грижа им се можни притисоци на денот на гласањето.

„Некои од соговорниците изразија загриженост во врска со недостатокот на јасност и сложената природа на прашањето. Додека некои засегнати страни го забележаа недостатокот на експлицитна референца во врска со промената на името на државата, други ја истакнаа важноста за означување на влијанието на референдумот за интеграција во ЕУ и НАТО“, се вели во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР. пренесува „Канал 5“..

Можност за вршење притсоок и заплашување, пасивна регистрација на гласачи и можност за инволвирање на странски актери  се исто така дел од забелешките, кои ги нотира Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.