Експертите контра Десковска и амбасадорите за ЗЈО – Мани имаат 54 члена или пола закон (ФОТО)

Експертите кои дебатираа за Законот за Јавно обвинителство меѓу кои има и некогашни и сегашни блиски луѓе на СДСМ нашле суштински грешки во најмалку 54 члена од законот кој го предлагаат СДСМ и министерката за правда Десковска.

Иако признаваат дека во него има грешки и недоречености за законот отворено без да внимаваат на протоколите од Виенската конвенција се залагаат и дел од странските амбасадори во Македонија.

Вкупно 14 еминентни експерти кои беа повикани на јавната расправа во Собранието дале забелешки за 54 члена од законот со кој власта тврди дека опозицијата се спасува од прогон за криминал а опозицијата вели дека СДСМ ќе го користи за да влијае на политичките процеси кога ќе замине од власт во април.

Меѓу експертите се и луѓе кои сега или предходно биле приврзаници на СДСМ а ниту еден од нив нема проблем со законот поради што нивните забелешки треба да се доживеат како стручен и експертски а не партиски или политички став за одбрана на опозоцијата.

Министерката Десковска и нејзината партија засега не ги прифаќаат забелешките на експерите кои во најголем дел се базирани на европски искуства и уставот.

Со тоа се засилуваат сомневањата дека се работи за политичка операција со која и по заминување од власт на СДСМ ќе му обезбеди контрола на судството како што тоа беше случајот со СЈО и ЈО од кога Јовески дојде на чело а кои гонеа исклучиво членови на СДСМ и ги поштеди сите осомничени блиски на СДСМ.

SHARE