„Постојат сериозни разлики во однос на пристапот и разбирањето на средновековната историја и во однос на терминологијата  и користењето на одредени термини во учебниците кои се однесуваат на средновековниот период“, изјавија за МИА извори од македонско-бугарска експертска Комисијата по денешната средба на македонскиот и бугарскиот тим во Софија.

Членовите на Комисијата работеле на усогласување на препораки  за учебниците за седмо одделение во Македонија и шести клас во Бугарија.

Како што беше и претходно најавено дека на седмиот состанок освен за средновековниот период ќе се распарава и за ликот и делото на Гоце Делчов, втората тема односно заедничкото чествување на Делчев ќе биде разгледана утре.

Од досегашните шест средби до владите на двете земји се препорачани заеднички чествувања на Св.Кирил и Методиј, Св.Климент, Св.Наум и Цар Самоил, како и препораки за подобрување на учебниците по историја.

SHARE