Експретседател на СДСМ до Шеќеринска: И ти бараше избори а молеше бога да не ги добиеш

Експретседателот на СДСМ во последното раководатво на Црвенковски, Гордан Георгиев со порака до актуелната потпретседателка на СДСМ Радмила Шеќеринска.

Откако Шеќеринска ја обвини опозицијата дека блефира кога бара предвремени избори Георгиев откри дека и таа и нејзината партија и сегашната опозиција понекогаш барале избори а не сакале да се случат.

“Кога изјавуваш дека некој бара а моли бога да не добие предвремени избори, сети се дека и ти некогаш си барал а си го молел истиот тој бог да не добиеш предвремени избори. СДСМ, а и ВМРО-ДПМНЕ, треба да престанат со оваа игра за мали деца.

Досадна станува. А особено кога и двете страни блефираат. Ни треба поголема еманципација на оваа тема. И да, сето ова е поврзано и со помирувањето…”, порачува Георгиев кој по преземањето на контролата во СДСМ од страна на Заев и Шеќеринска веќе не е дел од владеачката партија.

Шеќеринска сугерира психолошка анализа на “ликовите” на ВМРО-ДПМНЕ

SHARE

Оставете коментар