Некогашниот претседател на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, Лоренцо Санц, почина денеска во 76. година од животот по голема борба со коронавирусот.

Санц веќе неколку дена престојуваше во болница откако состојбата му се влошила поради вирусот што предизвика пандемија и ја искачи Шпанија на третото место во светот по бројот на заболени и на четвртото по бројот на починати.

Кај навивачите на кралскиот клуб Санц ќе остане запаметен по двете титули во Лигата на шампионите за време на петгодишното раководење со најуспешниот клуб во елитното натпреварување.

Тој беше на чело на Реал до 2000 година, кога на клупските избори загуби од сегашниот претседател Флорентино Перез.

SHARE