Ел Чека го „бомбардира„ ДУИ

Нови „бомби”, односно прислушувани материјали, во кои главните улоги ги имаат високи функционери на ДУИ, објавува Шеќерим Ахмеди, под Фејсбук профилот „Ел Чека“,

Во вчера објавените, разговараат Али Ахмети со Талат Џафери, Блерим Беџети и Муса Џафери, но и има и други разговори за различни случаи.

Новите прислушувани разговори доаѓаат неколку дена откако Кичевскиот суд го осуди „Ел Чека“’ на една година условна казна затвор.

SHARE