Кралицата Елизабета Втора даде и официјална согласност Велика Британија да стави крај на своето децениско членство во ЕУ и да тргне кон самостојна, но неизвесна иднина на крајот на месецот.

Таа го потпиша законот за „Брегзит“ во кој се наведени условите за повлекување на Велика Британија од Европската унија на 31 јануари.

Претходно оваа недела, законот беше одобрен од парламентот на Велика Британија.

Откако Велика Британија ќе го напушти блокот на 31 јануари, ќе започне транзиционен период, фокусиран на трговската соработка по Брекзит.

Велика Британија го пропушти рокот за Брексит двапати: во март и во октомври 2019 година. Ова доведе до предвремени парламентарни избори во декември, кои завршија со победа за конзервативците кои освоија 48 места во Долниот дом.

Лабуристите доживејаа историски пораз и изгубија 60 места, што го натера лидерот на партијата Џереми Корбин да објави дека планира да се повлече.

Британците гласа за напуштање на ЕУ на референдум во 2016 година.

SHARE